7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКога ќе се појави првиот блокчејн телефон?

Кога ќе се појави првиот блокчејн телефон?

Третиот најголем производител на мобилни уреди во светот „Huawei Technologies“ го подготвува првиот блокчејн телефон во својата гама, соопштува „Bloomberg“. Уредот ќе може да работи со апликации кои се базирани на блокчејн технологијата, тврдат анонимни извори од компанијата.

Според нив, „Huawei“ веќе преговара со швајцарската „Sirin Labs“ за лиценца за користење на нивниот оперативен систем „SIRIN OS“, која овозможува лансирање на блокчејн апликации. Може да се користи паралелно со „Alphabet Android“.

Претставници на двете компании потврдиле дека се спроведени прелиминарни разговори, но до овој момент немаат склучено спогодба. Ако плановите се реализираат, сепак, ќе биде спроведен првиот сериозен пробив на голем хардверски производител во светот на блокчејн технологијата што се користи за регистрирање на трансакциите со криптовалути. И тоа ќе биде чекор кон нивната масовна употреба, пишува „Bloomberg“.

Дури по падот на почетокот на годината, пазарот на криптовалути го зголеми прометот за 15 пати за последната година, достигнувајќи 350 милијарди долари.

Во меѓувреме „Sirin Labs“ развива свој уред базиран на блокчејн технологија. Компанијата очекува телефонот наречен „Finney“, да излезе на пазарот во втората половина на оваа година и да чини околу 1.000 долари. До сега, во пред нарачки се над 25.000 предмети.

Некои од крипто-додатоците кои „Sirin Labs“ ќе ги понуди на своите клиенти вклучуваат вградено портфолио за складирање на криптовалути од типот „cold wallet“ (кој не е поврзан со интернет) и систем за автоматско конвертирање на традиционална готовина во дигитална валута.

„Huawei Technologies“ пак ја држи лидерската позиција во областа на телекомуникациската опрема на смартфоните, облачните технологии и сајбер безбедноста. Компанијата спроведува и агресивна политика за експанзија во Европа и САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП