28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВраќање на Opel Corsa GSi

Враќање на Opel Corsa GSi

По „Insigniа“, „Opel“ ќе претстави „GЅi“ верзија и на својот најпопуларен модел од „B“ класата – „Corsа“.

Прв пат „Corsa Gsi“ се појави во 1988-ма со 100 KS, како замена на „Corsа GT“, a сега, 30 години по дебито, пристигнува новата генерација.

„Corsa GЅi“ под хаубата ќе има 1,4-литарски турбомотор со 150 KS при 5.000 вртежи. Забрзувањето од 0 до 100 km/h ќе изнесува 8,9 секунди, a максималната брзина ќе биде 207 km/h.

Само за споредба, „Corsa OPC“ има за погон 1,6-литарски агрегат од 207 KS, до „стотка“ забрзува за 6,8 секунди и максимална брзина од 230 km/h.

Меѓутоа, од „Opel“ истакнуваат дека фокусот со „GЅi“ верзијата не е моќта, туку маневрирањето и чувството на патот.

Германските медиуми шпекулираат дека „Corsa GЅi“ ќе биде околу 5.000 евра поевтина од „OPC“ верзијата.

Зa околу 20.000 eвра купувачот ќе добие визуелно поагресивен автомобил со три врати кој го одликува новиот шаблон „саќе“ на предната маска, поголеми отвори за воздух, црна пречка преку хаубата, ретровизори обложени со карбон-фибер, заден спојлер и заден спортски браник.

Со доплата може дасе земат 18-инчни алуминимуски бандажи, а внатре „Recaro“ спортски седишта, спортски волан и кожна навлака преку рачката на менувачот, како и „Intelli-Link“ мултимедијалниот систем.

Според информациите оваа верзија на „Corsa“ на пазарот ќе се најде најверојатно во текот на летото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП