29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMcLaren не ја сака струјата – го сакаме звукот на моторот

McLaren не ја сака струјата – го сакаме звукот на моторот

Додека повеќето производители на суперавтомобили се натпреваруваат кој прв на пазарот ќе претстави модел само на електрична енергија, „McLaren“ одбива да биде дел од тој свет.

„Ferrari“, „Lamborghini“, „Porsche“ веќе ги најавија своите електрични суперавтомобили, но Британците како по обичај остануваат верни на традицијата.

„Искрено, не знам многу за оваа тема, не сум многу упатен. Јас сум традиционален. Го сакам звукот на моторот на патеката. „Формула Е“ не го нуди тоа“, вели директорот за глобална продажба во „McLaren“, Џољон Неш.

„McLaren“ моментално работи на хибриден суперавтомобил со три седишта кој ќе го наследи „P1“, најавувајќи дека половина од произведените возила во следните неколку години ќе бидат хибриди, но нема место за електричен суперавтомобил.

„Додека технологијата не се развие доволно и за моќта и за дометот, мислам дека ќе биде тешко да се има возбудлив суперавтомобил само на електрична енергија. Се уште не сме сигурни како тоа ќе функционира“, додава Неш, кој за секојдневна употреба го користи електричниот „BMW i3“.

Додека купувачите на суперавтомобили постојано го „бркаат“ намалувањето на времето за забрзување од 0 до 100 км/ч, прекрасниот дизајн, рекордните времиња на тракачките патеки, „McLaren“ ќе остане верен на моторот со внатрешно согорување.

Не е јасно дали оваа тактика ќе се исплати, но секако е единствена на пазарот на кој се наоѓа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП