29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИOnePlus 6 најверојатно ќе изгледа вака?

OnePlus 6 најверојатно ќе изгледа вака?

Со оглед дека „Oppo R15“ официјално е преставен во Кина, имаме добра идеа како би можел да изгледа следниот „OnePlus“ телефон.

„OnePlus“ често црпи идеи за дизајнот од компанијата „Oppo“ над која ja дели сопственоста. Само за пример, „OnePlus 5“ многу потсетува на „Oppo R11“, додека „OnePlus 5T“ е идентичен со „R11S“ моделот.

„OnePlus 6“ би требало да има 18:9 однос на страните на екранот, кој на врвот ќе има пресек. Токму ваквиот дизајн го карактеризира и новиот „Oppo R15“ модел, кој пресекот во врвот на екранот го позајмува од моделот „iPhone X“.

Додека деталите во врска со спецификациите ќе варираат помеѓу телефоните „Oppo R15“ и „OnePlus 6“, пресекот во врвот на екранот веројатно е единствената дизајнерска карактеристика која ќе ги одликува двата модели.

„OnePlus 6“ се очекува да излезе подоцна во текот на годината, а би требало да има чипсет „Snapdragon 845“, 6GB или 8GB RAM, 64GB или 128GB простор за складирање податоци и друго.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП