20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзградбата на автопатот Кичево-Охрид се пролонгира за 3,5 години

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид се пролонгира за 3,5 години

Владата на Република Македонија ја разгледа и ја усвои Информацијата за потребата од донесување на Закон за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патната делница Кичево-Охрид, и го разгледа и го прифати текстот на Анексот бр. 1 кон Договорот за изградба на патна делница Кичево -Охрид заради продолжување на рокот за изградба помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Sinohydro Corporation Limited.

Се предвидува крајниот рок за иградба на автопатската делница да биде 30 јуни 2021 година.

“На барање на Надзорниот Орган, донесовме одлука да се склучи анекс на договорот за изградба на автопатската делница Кичево-Охрид со продолжување на рокот, односно крајниот рок да биде 30 јуни 2021 година”, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Како што наведе Сугарески, потребата од продолжување на рокот за доизградба на овој капитален проект се јавува поради неусогласеност на проектната документација со реалните услови на теренот како и променливата геологија на теренот која не одговара со геологијата предвидена во проектот.

„Сакам да нагласам дека овој анекс се однесува само за продолжување на рокот. Не се однесува за дополнителните средства бидејќи се уште се прават сеопфатни анализи колку би чинел дополнително. Најпрво е потребно да се изврши допроектирање на сите работи и потоа стручен тим во соработка со надзорниот орган ќе даде конкретна дополнителна цена на чинење на автопатот. Овој Закон очекуваме најбрзо да влезе во собраниска процедура и во скратена постапка пратениците да ги излгасаат за да можеме да продолжиме со изградба на автопатот“, истакна министерот за транспорт и врски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП