Гермaнската тјунерска куќа „Posaidon“ направи мало „чудовиште“ од појдовната генерација на „Mercedes AMG A45“.
„Posaidon“ од 2.0-литарскиот мотор извлече дополнителни 169 KS па сега има дури 550 КЅ со 660 Nm вртежен момент со погон на сите четири тркала.
Вртежниот момент е дури електронски лимитиран со цел да се задржи издржливоста на внатрешните компоненети.
„AMG“ агрегатот „M133“ доби подобрен турбополнач, поголем ладилник, моторспорт свеќици, ревидиран довод на воздух и целосно нов издувен систем од нерѓосувачки челик опремен со електронска контрола на вентилот.
Четирилитарскиот моторо поседува и систем за вбризгување на кобинација на вода и метанол и воспоставена „ECU“ единица.
„Poseidon“ го прилагоди и седумстепениот менувач со двојно квачило со цел да може да одоговори на подолнителната моќ.
„Mercedes AMG“ најави повеќе моќ во следната генерација на „A45“, која ќе се појави следната година со 400 KS, a се шпекулира и за хибридна верзија, што ќе значи помоќена конфигурација.
Во меѓувреме во втората половина од 2018-та ќе пристигне „A35“ со повеќе од 300 KS.