
Компанијата „IBM“ на конференцијата „IBM Think 2018“ која се одржува оваа недела, го претстави најмалиот компјутер во светот.


Компанијата „IBM“ на конференцијата „IBM Think 2018“ која се одржува оваа недела, го претстави најмалиот компјутер во светот.
Има процесор со слична моќ како и компјутерите од деведесетите години од минатиот век и е наменет за следење на испорачана стока, детектирање кражба и измама, како и извршување на едноставни задачки како што е сортирање на податоците кои ги добива.
Се состои од неколку стотини транзистори кои му овозможуваат да следи, анализира, комуницира и реагираа на податоци.

Можеби една од најинтересните работи во врска со овој производ на „IBM“ е дека неговото производство чини до 10 центи по парче.
Според претставници на „IBM“, за нив ова е само почеток, бидејќи слични компјутери ќе станат дел на уреди и системи за безбедност.
Експертите од „IBM“ моментално го тестираат прототипот, па уште не е познато кога овој уред ќе се најде во масовна употреба.