22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБројот на ученици основци зголемен за 2,8%, бројот на средношколци намален за...

Бројот на ученици основци зголемен за 2,8%, бројот на средношколци намален за 6,6%

Според податоците на Државниот завод за статистика, на крајот на учебната 2016/2017 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 190 225, што претставува зголемување за 2.8% во однос на претходната учебна година. Од тие 92 103 се женски. Според јазикот на кој се изведува наставата, на македонски јазик учеле 123 350, на албанки јазик 60 578, на турски 5 976, на српски 141 и на босански 280 ученици

Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2016/2017 година изнесува 72 482, што претставува намалување за 6.6% во однос на претходната учебна година. Од нив 34 874 се женски. Според јазикот на кој се изведува наставата на македонски јазик учеле 48 747, на албански 20 824, на турски 1 352 и на англиски јазик 1 559 ученици.

Комплетниот извештај со табели можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП