22 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовиот „глуп“ LG нa преклоп наскоро пристигнува во Европа (фото)

Новиот „глуп“ LG нa преклоп наскоро пристигнува во Европа (фото)

Компанијата „LG“ подготвува сопствен модел на паметен телефон на преклоп под ознаката „LM-Y110“, познат уште и под „кодното“ име „LG Folder“.

За разлика од истиот модел на „Samsung W2018“ од високата класа (high-end), „LG Folder“ е основен (entry-level) паметен телефон на преклоп заснован на чипсетот „MediaTek“ со работен такт од 1,1 GHz.

Телефонот ќе има 1GB RAM, 8GB интерна меморија, камера од 5 мегапиксели и батерија од 1470 mAh.

Тука е и 3-инчниот екран со резолуција од 360 x 240 пиксели (кој веројатно нема да биде на допир), физичка тастатура и сега веќе застарениот оперативен систем „Android 6.0.1 Marshmallow“.

Телефонот ќе има и посебно копче за вклучување и исклучување на „FM“ радио.

Значи, станува збор за основен мобилен уред замислен за како проширување на т.н. „feature phone“ категорија на мобилни уреди, на кои може да се инсталираат некои помали „Android“ апликации.

„LG Folder“, по претставувањето на домашниот, јужнокорејскиот пазар, ќе биде достапен и во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП