19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо подготовка е новиот Opel Mokka X

Во подготовка е новиот Opel Mokka X

На Интернет се појавија фотографии од маскираното предпродукциско тест возило.

„Opel“ претходно најави дека новата гернерација на субкомпактниот „SUV“ модел „Mokka X“ ќе пристигне во продажните салони во 2019-та година и ќе се произведува во фабриката во Ајзенах.

Првите „шпионски“ фотографии се направени за време на зимските тестирања во Шведска и покажуаат дека втората генерација на „Mokka X“ веќе на големо се подготвува и дека премиерата може да ја очекуваме и пред крајот на оваа година.

Се претпоставува дека новата генерација на малиот „SUV“ ќе биде заснована на модуларната „CMP“ (EMP1) механичка платформа која се користи за субкомпактните автомобили од групацијата „PSA“.

Потсетуваме, првата „Mokka“ е базирана на платформата на „General Motors“ – „Gamma 2“ која ја дели со сестрнските „GM“ модели – „Buick Encore“ и „Chevrolet Trax“.

„Камуфлажата“ оневозможува во овој момент да добиеме претстава за дизајнона новиот модел, но треба да се очекуваат стилски детали кои се присутни на најновите „SUV“/кросовери на „Opel“ – „Crossland X“ и „Grandland X“.

Исто така, се очекува покрај првата генерација на моделот „Mokka“, и наследникот да има опција за погон на „4×4“, за разлика од „Opel Crossland X“ кој нуди погон само на предните тркала.

Повеќе детали за новата генерација на малиот теренец на „Opel“ би требало да бидат познати во текот на следните месеци, кога би можеле да го дознаеме и датумот за премиера на ова возило.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП