20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин убедливо победи: Врз основа на 99% од преброените гласови, тој освои...

Путин убедливо победи: Врз основа на 99% од преброените гласови, тој освои рекордни 76,65% од гласови

Владимир Путин убедливо победи на претседателските избори во Русија, освојувајќи 76,65 отсто од гласовите на гласачите, според податоците на руската Централна изборна комисија врз основа на 99 отсто од преброените гласачки ливчиња.

Путин, кој ќе ја води Русија во следните шест години, им се заблагодари на граѓаните за поддршката што ја дадоа, истакнувајќи дека со оваа поддршка ја виде довербата на граѓаните и надежта за развој на земјата.

Путин постигна личен рекорд на овие избори.

Во 2000 година, 52,9% гласаа за него, во 2004 година оваа бројка изнесуваше – 71,31%, а во 2012 63,60%.

Тие истакнуваат дека резултатот на Путин е рекорд во пост-советската Русија и дека добил повеќе гласови од Медведев во 2008 година (52,5%) и Елцин во 1993 година (53,8%) и 1991 година (57,3%), наведува Спутник.

На изборите учествуваа вкупно осум кандидати.

На второ место е Павел Грудинин, кандидат на Комунистичката партија, со 11,82 отсто од гласовите, додека лидерот на Либералдемократската партија Владимир Зириновски е трет со 5,68 отсто од гласовите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП