26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевремето во Охрид оштети повеќе објекти на крајбрежјето

Невремето во Охрид оштети повеќе објекти на крајбрежјето

Како што информираат од општината, нивото на Охридското Езеро е 693,78 метри, а тоа е 3 сантиметри над дозволената кота од 693,75 метри.

„Кризниот штаб е во постојана комуникација со АД ЕЛЕМ, од каде велат дека кај Дрим се испуштаат по 20 метри кубни во секунда. Екипите на јавните претпријатија цел ден беа на терен и расчисуваа, а противпожарната единица имаше осум интервенции на паднати оџаци. Најголеми оштетувања има на крајбрежните објекти на потегот од Канео до градскиот плоштад“, информираат од општина Охрид.

„Ќе бидат ангажирани сите јавни претпријатија со потребни работници кои ќе бидат подготвени со алат и механизација за санирање на штетите. Правните и физичките лице кои се оштетени од невремето од понеделник ќе можат да поднесат барање за обештетување. Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди по пријава ќе излезе на терен“, се наведува во соопштението.

Од Кризниот штаб апелираат граѓаните да ги тргнат автомобилите и да се регулира сообраќајот во стариот дел на Охрид за да може механизацијата непречено да работи на расчистување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП