23 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАZTE најавува два нови телефони

ZTE најавува два нови телефони

zte-blade-g-soon-2

Заедно со најавата на паметниот телефон „ZTE Grand S Flex“ кој ќе донесе поголема батерија и куќиште, пристигнаа и најави за уште два нови телефони кои ќе ги прави компанијата „ZTE“.

Првиот е „ZTE Blade G“ кој ќе има екран со дијагонала од 4.5 инчи и резолуција од 480 x 854 пиксели. На располагање ќе има  512 MB RAM и 2000 mAh батерија. Врз основа на спецификациите лесно може да се заклучи дека станува збор за достапен модел за сите оние кои сакаат да имаат голема дијагонала на екранот.

Вториот најавен телефон е „ZTE Grand X2 In“, односно втората генерација на „ZTE“ паметните телефони со „Intel“ чип. „Grand X2 In“ ќе почне да се продава во септември, прво во Франција, а потоа и во останатите делови од светот. Една од интересните можности на овој телефон ќе биде способноста за сликање на дури 24 фотографии во една секунда. Телефонот на пазарот ќе се појави со оперативен систем „Android 4.1.2“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП