20 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗKIA го обнови Carnival (фото+видео)

KIA го обнови Carnival (фото+видео)

Јужнокорејската компанија „KIA“ го покажа обновениот модел „Carnival“. Автомобилот од 2019-та година ќе се појави на локалниот пазар со почетна цена од 28.800.000 вона, што го прави околу 21.900 евра.

Обновениот модел се разликува од претходникот со преобразената решетка, модифицираните браници, новата предна оптика, „LED“ светлата за магла и различни задни светла.

Во кабината е обновена инструмент таблата, а употребата на многу подобри материјали е импресивна. Јужнокорејците, исто така, работеа на звучната изолација. Моделот е достапен во модификации со 7, 9 и 11 седишта.

Купувачите на обновениот „KIA Carnival“ можат да избираат меѓу бензински амтосферски мотор со моќност од 280 „коња“ и зафатнина од 3,3 литри и 2,2-литарски дизел, кој развива 202 КС. Двата мотори се комбинираат со 8-степен автоматски менувач.

Миниванот е опремен со опции како адаптивен круз-контрол, асистент за почитување лентата на движење, систем за следење на „слепата“ точка, задна камера, безкабелско полнење на смартфон и мултимедијален комплекс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП