13 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовиот прелистувач на Samsung е одлично оптимизиран и многу побезбеден

Новиот прелистувач на Samsung е одлично оптимизиран и многу побезбеден

„Samsung“ го обнови својот интернет прелистувач со нова „бета“ верзија 7.2, која акцент стана на брзината на сурфање на интернет и безбедноста.

Прелистувачот се базира на обновената платформа „Chromium M59“, која овозможува побрзо искуство при сурфање, како и подобрени графички перформанси во играњето онлајн игри.

Искуството при сурфање сега е побезбедно, благодарејќи на новата можност која го предупредува корисникот кога ќе посети интернет страна која се обидува да ги собере неговите приватни информации или да на неговиот уред да се инсталира штетен софтвер.

Подобро е и оптимизирањето за префрлување помеѓу повеќе отворени табови, што сега е прилагодено и за уредите со 1GB или помал „RAM“.

Тука е и иконата „Add to home screen“, како можност за полесно читање на статии (Reading Mode).

Станува збор за новитети кои засега се појавуваат само во поменатата „бета“ 7.2 верзија, додека конечната, постабилна, верзија на прелистувачот сите овие опции ќе ги има кога ќе биде подготвена за дистрибуција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП