20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPorsche Macan ќе дебитира во ноември

Porsche Macan ќе дебитира во ноември

2014_porsche_macan_rendered_dan_buzdugan-0517

Подолго време се зборува за идниот „Porsche Macan“, а сега според последните податоци тој ќе дебитира овој ноември за време на автомобилскиот саем во Лос Анџелес.

Овој помал СУВ на „Porsche“ се очекува да се најде во продажба на почетокот на следната година и тоа по цена од околу 36.000 фунти за основната верзија.

Моделот „Macan“ е дел од стратегијата на „Porsche“ која подразбира зголемување на понудата и зголемување на продажбата на возилата на оваа германска фабрика.

„Macan“ ќе дели бројни компоненти со „Audi Q5“, додека производството ќе биде во фабриката во германскиот град Лајпциг каде се вложени 500 милиони евра за проширување на капацитетот и поради тоа се очекува да бидат вработени нови 1000 работници.

Инаку новиот СУВ на „Porsche“ е долг 460 cm (актуелниот „Cayenne“ има 485 cm), а во палетата на погонски агрегати ќе бидат бензински и дизел мотори.

Од бензинските се споменуваат 2.0 литарски со 164 kW/220KS, потоа V6 со 220 kW/295KS и „twin-turbo“ 3.0 литарски V6 со 276 kW/370KS со „Macan Turbo“. Понудата за дизел моторите би требало да содржи 2.0 литарски TDI со 142 kW/190KS и 3.0 литарски V6 TDI со 186 kW/250KS, а се споменува и хибридна верзија во комбинација со 2.0 литарски турбо-бензински мотор и електромотор со 40 kW/54KS.

„Porsche“ инаку очекува дека годишно ќе продаваат и до 75.000 примероции од моделот „Macan“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП