29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочина Стивен Хокинг – еден од најголемите умови на денешницата

Почина Стивен Хокинг – еден од најголемите умови на денешницата

Стивен Хокинг, физичар и еден од најреномираните научници во светот, почина на возраст од 76 години, соопшти неговата фамилија, а пренесе “BBC”.

Британскиот теоретски физичар е познат по својата пионерска студија за црните дупки  и е автор на неколку познати книги.

Неговите деца Луси, Роберт и Тим, по неговата смрт, потпишаа заедничка изјава: “Ние сме длабоко шокирани од смртта на нашиот сакан татко. Тој беше голем научник и одличен човек чија работа ќе живее многу години”.

Стивен Хокинг, човек со голем ум, но исто така човек со одлично чувство за хумор, скоро целиот живот се бореше со моторните неврони.

Благодарение на неговата ерудиција, но и неговиот весел дух, тој беше одличен амбасадор на науката и има направено многу за нејзината популаризација во широки размери.

Што зборуваше Хокинг за Бога, религијата, филозофијата, вонземјани …

За Бог и религијата

Стивен Хокинг тврдеше дека бил атеист и сметаше дека науката понуди  “многу поубедливо објаснување”  за потеклото на универзумот и дека чудата на религијата биле “некомпатибилни” со научните факти.

“Пред да ја разбереме науката, беше природно да се верува дека Бог го создал универзумот, но сега науката ни дава многу поубедливо објаснување”, изјави прочуениот физичар во 2014 година во видеоснимка објавена од шпанскиот весник Ел Мундо.

Науката против филозофијата

На Google конференцијата-“ Cajtgast”  во 2011 година, Хокинг рече дека “филозофијата е мртва”.

Тој верувал дека филозофијата не успеа да продолжи со развојот на современата наука и дека научниците станале “носители на факелот на откритието во нашата потрага по знаење”.

Тој рече дека на сите филозофски прашања може да одговори науката, особено кога станува збор за “најновите научни теории кои ни дале сосема поинаква слика за универзумот и нашето место во неа”.

За вештачка интелигенција

Физичарот изјави за списанието “Wyder” дека вештачката интелигенција во еден момент ќе стане толку напредна што во суштина ќе биде “нова форма на живот која ќе биде поефикасна од луѓето”.

“Се плашам дека вештачката интелигенција целосно ќе ги замени луѓето. Како што луѓето можат да направат компјутерски вируси, некој ќе направи вештачка интелигенција која може да се реплицира”, рече Хокинг.

“Износот на пари што компаниите го инвестираат во вештачката интелигенција, лесно може да доведе до тоа да видиме паметни роботи на улица”, додаде тој.

Хокинг, исто така, мислеше дека машините во еден момент може да нè надмудрат.

“Додека краткорочното влијание на вештачката интелигенција е ограничено од личноста која ја контролира, долгорочните последици зависат од тоа дали воопшто можеме да ги контролираме”, објасни тој.

“Ако вонземјаните ве контактираат, не одговарајте”

Астрофизичарот сметал дека интелигентните вонземјани можат да бидат непријателски настроени кон луѓето и да се обидат да ги колонизираат планетите богати со ресурси, како што е Земјата.

Во документарецот “Омилени места на Стивен  Хокинг”, тој ја коментираше екзопланетата на Gliese 832c која може да има живот.

“Откако ќе добиеме сигнал од таква планета, треба да размислиме дали ќе одговориме на тоа. Состанокот со некоја напредна цивилизација би можел да биде исто како средбата на Колумбо и домородците во Америка.” Тоа нема да помине добро “, рече Хокинг.

Треба да се има на ум дека Земјата е прилично бучна планета, која со децении емитува радио и ТВ сигнали во вселената.

“Луѓето мора да ја напуштат Земјата и да најдат нов дом”

Хокинг, минатата година ја предупреди јавноста дека луѓето мора да најдат нов дом во универзумот во наредните 200 до 500 години, ако преживеат до тогаш.

Тој исто така го спомена американскиот претседател Доналд Трамп и неговата одлука да ги повлече САД од климатскиот договор.

“Не ја негирам важноста на борбата против климатските промени и глобалното затоплување, за разлика од Трамп, кој направи најлошата одлука што светот досега не видел”, рече тој.

Хокинг ги повика водечките нации да испратат астронаути на Месечината до 2020 година и повторно да се направи истражување на вселената. Тој, исто така, рече дека во следните 30 години треба да биде изградена лунарна база, овозможувајќи им на луѓето да летаат на месечината.

“Проширувањето на универзумот целосно ќе ја промени иднината на човештвото. Се надевам дека единствената цел ќе ги обедини спротивставените држави, како би можеле заедно да се соочиме со предизвиците кои се пред нас”, објасни тој.

Тој додаде дека Земјата е загрозена во толку многу сфери што му е тешко да остане позитивен.

“Заканите се многу големи и многубројни, а нашите физички ресурси се исцрпени со алармантна брзина”, рече тој.

“Човештвото може да си даде смртоносен автогол”

Хокинг во 2016 година изјавил за Би-Би-Си дека на човештвото му се заканува серија на опасности кои сам ги создал.

Нуклеарната војна, глобалното затоплување и генетски модифицираните вируси се само некои од сценаријата што ги издвои во тоа време.

Научниците велат дека понатамошниот напредок во науката и технологијата ќе создаде “нови начини на кои работите би можеле да тргнат наопаку”.

“Ние нема да престанеме да напредуваме, ниту да го смениме процесот на напредок наназад, па затоа треба да ги препознаеме опасностите и да ги контролираме. Јас сум оптимист, верувам дека можеме да го постигнеме тоа”, рече тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП