21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД најголем извозник на оружје, половина оди на Блискиот Исток

САД најголем извозник на оружје, половина оди на Блискиот Исток

Извозот на оружје од САД во последните пет години заклучно со 2017 година, е зголемен за 25 отсто, според податоците објавени денеска на Меѓународниот институт за мировни истражувања (СИПРИ) во Стокхолм.

Околу 34 проценти од вкупниот светски извоз на оружје припадна на САД, а на второ место е Русија со учество од 22 отсто од глобалниот извоз, според њујоршката агенцијата “Блумберг”.

Следни се Франција, Германија и Кина, кои ја задржаа позицијата на најголемите извозници на воена технологија, додека Индија е најголемиот увозник.

Продажбата на оружје на Блискиот Исток, Азија и Океанија е зголемен, додека од друга страна, пак, забележан е послаб прилив на оружје во земјите од Африка, Јужна и Северна Америка и Европа.

Дури 49 отсто од извозот на оружје од САД отиде на Блискиот Исток, а Саудиска Арабија благодарение на скок на увозот од 225 отсто во последните пет години, стана втор најголем увозник на оружје во светот.

Во периодот 2013-2017 година, глобалната трговија со оружје се зголеми за 10 отсто во споредба со претходниот петгодишен период, рече СИПРИ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП