19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОва е се што знаеме за револуционерниот Android P (видео)

Ова е се што знаеме за револуционерниот Android P (видео)

„Google“ најновата верзија „Android P“ ја пушти пред повеќе од еден месец, пред официјалното претставување на настанот „Googlе I/O“ во мај.

Оваа верзија на оперативниот систем е направена пред се за програмери, што не значи дека во неа нема работи кои се интересни за просечните корисници.

„Android“ добива прв „заб“

Познатиот „заб“, резервиран за сензорот на камерите кои ги видовме на „Essential PH-1“ и „iPhone X“ пристигнува и на „Android“ уредите.

На пазарот веќе постојат низа уредите кои го имитираат дизајнерското решение на „Apple“, до таа мера што „Google“ одлучи целата работа официјално да ја поддрши во новиот оперативен систем.

Според официјалните докменти, програмерите автоматски ќе можат да ја променат висината статусната лента со да се избегне сечење на текстот. Нормално, ако тоа го сакаат, можат да програмираат софтвер така да содржи „опкружување на забот“.

Програмерите во двата случаи можат да симулираат хaрдверска сонда и на уредите кои немаат.

Нов храбар дизајн

Иако „Google“ ништо не говори за тоа, естетската страна на новиот „Android P“ доживеа значително поместување од „Oreо“.

Пристигнуваат поквалитетни потсетници

„Google“ конечно одлучи да ги подобри потсетниците. Во „Android P“ се воведува поддршка за поголем број информативни потсетници од апликациите за разговор.

Пораките ќе може да ги видите во контекст на разговорот, да испратите паметни одоговори и да ги прегледате добиените слики веднаш во нотификациите.

Тука е поддршката за повеќе камери

Голем број на уреди со „Android“ пристигнуваат со повеќе камери, но во повеќето случаи користат прединсталирани апликации за нивно користење.

„Anrdoid P“ вклучува предвградена поддрша за системи со повеќе камери. Тоа значи дека ќе може да се користат функциите како „zoom“ или „bokeh“ во рамките на апликации како што е „Instagram“. Нормално, ако таа апликација ја поддржува таа функција.

„HDR“ и „HEIF“

„Android P“ доаѓа со вградена поддршка за профил „HDR VP9“, кој го олеснува гледањето „HDR“ филмови или стримување на уреди кои поддржуваат „HDR“.

Тука е и поддршката за „HEIF“. „HEIF“ е ефикасен систем за компресија на фотографиите која е популарна кај „iOS 11“.

Тој фотографиите може да ги намалува на помалку од половина од нивната големи, а да не го загрози нивниот квалитет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП