8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПретпладне сончево, попладне дожд

Претпладне сончево, попладне дожд

Изутринава времето е претежно сончево со мала облачност, само на повисоките места дува слаб ветер од претежно од јужен правец.

Претпладне сончево и релативно топло. Попладне облачноста ќе се зголемува и ќе има со повремени врнежи од дожд. Локално ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и со грмежи. Се очекуваат пообилни врнежи да има во западниот и северо-источниот дел од земјава. Ќе дува умерен, на места засилен јужен ветер. Температурата ќе се движи од 14 до 23 степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд, а ќе има и услови за нестабилна облачност, проследена со пороен дожд и грмежи и со засилен југизападен ветер. Температурата ќе биде до 22 степени.

Во наредните денови ќе има слаб локален дожд, а на повисоките планини од снег. Дневните температури ќе опаднат за неколку степени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП