Од дирекцијата изјавуваат дека предност за вработување на ветераните е тоа што тие многу добро се справуваат со стресот.
Најголемиот светски ланец за малопродажба, американскиот Волмарт, изјави дека планира да вработи повеќе од 100.000 ветерани во идните пет години.
Поголемиот дел од ветераните ќе бидат вработени во продавниците, додека помал дел од нив ќе добијат работа во дистрибутивните центри на Волмарт. Овој потег го поддржа и американската прва дама Мишел Обама.