20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDomino's Pizza верува во раст дома и во странство

Domino’s Pizza верува во раст дома и во странство

Синџирот пицерии „Domino’s Pizza“ се залага да расте и на домашниот пазар, како и на меѓународно ниво, во време кога објави дека нејзиниот мексикански партнер во франшизата на „Alsea SAB“ ја преминал границата од 1.000 ресторани. Сето ова е добар знак за проширувањето на компанијата во странство, рекоа нејзините претставници, цитирани од „Wall Street Journal“.

„Alsea SAB“, една од четирите најголеми франшизни компании на „Domino’s Pizza“ надвор од САД, веќе има 1.000 ресторани во Мексико, Шпанија и Колумбија.

Ова се совпадна со отворањето на 15.000 ресторан „Domino’s Pizza“ на глобално ниво, објави извршниот директор Џеј Патрик Дојл во едно интервју.

Во Мексико има околу 700 ресторани на „Domino’s Pizza“. На овој пазар, брендот се натпреварува со „Pizza Hut“, „Papa John’s“ и „Benedetti“.

„Domino’s Pizza“ се уште има можности за органски раст во САД, но исто така и за зголемување на технологијата што ја користи.

„Во моментов, употребата на технологијата за дигитални набавки во Мексико расте многу брзо, но се уште е мал дел од бизнисот што го имаме на многу пазари“, рече Дојл. „Ова се добри вести за раст“, додаде тој.

Дојл, кој ќе се повлече од функцијата на крајот од јуни, ќе го замени Ричард Алисон, претседател на „Domino’s Pizza International“, од 1-ви јули.

Надвор од САД, „Domino’s Pizza“ ги дуплираше своите ресторани во текот на изминатите 7 години на над 9.200, а нејзиниот бизнис расте со околу 3-4 отсто годишно, рече Алисон. Но, компанијата гледаат повеќе можности да растат во САД.

„Во моментов, ова е најголемиот пазар на кој работиме – ние сме број еден во САД – но ние сè уште продаваме една од шест пици кои пристигнуваат до потрошувачите секоја вечер“, коментираше тој.

„Alsea SAB“, која ги води рестораните „Burger King“, кафулињата „Starbucks“ и други ресторани за јадење во Мексико и во странство, е оптимист во врска со потенцијалот за раст на своите тековни пазари, но планира брзо да влезе во нови земји со „Domino’s Pizza“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП