Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.03/2018 за долгови доспеани до 30.11.2017 и неплатени до 28.02.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
Листата на должници е за вкупниот износ на долгот:
- повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
- повисок од 300.000 денари за правните лица.
На Листата на должници бр.03/2018 објавени се 2140 должници – правни лица (пoмалку за 259 од претходната листа) и 1884 физички лица (помалку за 130 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.03/2018 изнесува 9.687.250.612 денари, помалку за 1.366.246.798 денари од претходната листа.
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.644.423.844 денари (помалку за -1.363.285.279 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 42.826.768 денари (помалку за 2.961.519 денари од претходната листа).
Комплетната листа можете да ја погледнете тука.