15 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНа игрите за PlayЅtation 5 се работи со зголемено темпо?

На игрите за PlayЅtation 5 се работи со зголемено темпо?

Најверојатно петтата генерација на конзолата „PlayЅtation“ ќе пристигне многу порано отколку што се очекуваше, затоа што, според гласините, „dev“ алатките за развој на игрите на почетокот на годината се испратени до студијата за развој.

„Dev“ алатките претставуваат робустен хардвер и софтвер кој по моќност, можности и преформанси е многу сличен до планираната конзола, па така програмерите ги имаат во предвид можностите на конзолата додека развиваат игра.

Уште е наведено дека алатките се испратени на помалите (third-party) програмери, врз основа на што можеме да заклучиме дека студиото блиско до „Sony“ (Naughty Dog) и другите големи издавачи уште од претходно работат на игрите за „PS5“.

Со оглед на тоа дека станува збор за „dev“ алатки, претставувањето на „петката“ можеме да го очекуваме најрано следната година, а не пред 2020-та.

Оваа информација доаѓа од новинарот Маркус Селерс, кој е веќе познат и ценет по објавувањето на различни информации, кои во голем број случаи биле точни, како што неодамна погоди дека „Nintendo Direct“ ќе почне на 8-ми март.

Тој исто така прв во јавноста објави дека годинешниот „CoD“ ќе биде „Black Ops 4“, а тоа го потврдуваат и други извори. Но, поради тоа што станува збор за гласини, оваа информација сепак мораме да ја земеме со доза на резерва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП