14 мај, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЕдна од најдобрите Андроид функции пристигнува и на „Ајфон“

Една од најдобрите Андроид функции пристигнува и на „Ајфон“

„Гугл“ неодамна jа претстави „Ленс“ – услуга која може да ги препознае нештата и објектите од реалниот живот што сте ги фотографирале со камерата на вашиот мобилен уред, а потоа да ви даде повеќе информации за нив. За ова е задолжена вештачката интелигенција, а сега и сопствениците на „ајфон“ уреди ќе може да ја користат оваа услуга доколку ја преземат апликацијата Google Photos.

Инаку, „Ленс“ користи техонологија на т.н. „длабоко учење“ со цел да го разбере светот прикажан на камерата. Имено, доколку ја насочите камерата кон некоја книга и ја фотографирате, Lens ќе ја идентификува и ќе ви даде можност да ја купите.

Освен тоа, „Ленс“ има способност автоматски да се поврзе со ви-фи мрежата, како и нечија визит-картичка да ја претвори во дигитална информација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП