4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLight Phone 2 e досега најпаметниот „глупав“ телефон (видео)

Light Phone 2 e досега најпаметниот „глупав“ телефон (видео)

Најновиот хит производ на „Indiegogo“ се нарекува „Light Phone 2“. Тоа е наследник на оргиналниот „Light Phone“, кој својот „живот“ го започна пред три години на „Kickstarter“.

Едноставниот телефон со големина на кредитна картичка тогаш ја имаше само основната можност за остварување повици. Втората генерација пристигнува со уште неколку опции.

Идејата зад „Light Phone 2“ е да корисити „4G“ мрежа и можности кои ги имаат модерните паметни телефони, но на начин уредот да не се претвори во направа за губење време, туку во уред кој ќе му служи на корисникот како алатка.

Од тоа произлегува и фактот дека овој телефон го „почитува корисникот“, односно го цени неговото време. „Light Phone 2“ има „e-ink“ екран, па на него не може да се играат игри или со часови да се „дреме“ на некоја друштвена мрежа.

Од друга страна, со него може да се повика такси, но и да се добијат информации од апликацијата за навигација, да се испраќаат и примаат пораки или да се користи како будилник.

„Light Phone 2“ има отпорно куќиште со големина на кредитна картичка, доаѓа во мат бела или црна верзија, а софтверски е заснован на сопствениот оперативен систем, кој е воден од само една идеа – едноставна комуникација.

Уредот се уште е во фаза на прототип, а неговите креатори на „Indiegogo“ страната наведуваат дека, кога ќе стане достапен, ќе чини 250 долари.

Тие досега имаат собрано преку 700.000 долари за својот проект, сосема е веројатно дека сериското производство на овој поедноставен паметен телефон да започне наскоро.

Испораките, во својата „крадуфандинг “ кампања, ги ветуваат дури за околу една година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП