22 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЗошто љубителите на iPhone го избегнуваат iPhone X?

Зошто љубителите на iPhone го избегнуваат iPhone X?

И покрај тоа што „iPhone X“ беше најпродаваниот паметен телефон за време на новогодишните и божиќните празници, овој уред во целост не ги исполни очекувањата. Тоа е поради извештајот во кој се наведува дека производството на „десетката“ е преполовено.

Слабата заинтересираност на купувачите се прошири и кај фановите на „Apple“, кои се уште го немаат купено новиот телефон. Новото истражување претпоставува во што би можел да биде проблемот.

Аналитичарот на компанијата „Piper Jaffray“, Мајкл Олсон разговараше со 1.500 сопственици на „iPhone“ зошто досега го немаат купено „iPhone X“. Речиси половина од нив (44 oтсто) одговориле: „Затоа што мојот „iPhone“ добро работи“.

Тоа упатува на фактот дека премиум телефонот на „Apple“ не нуди доволно нови и интересни опции, со што може да ја оправда својата висока цена.

Цената од 999 долари е втората најчеста причина поради кои постоечките сопственици на „iPhone“ не се одлучуваат за купување на „iPhone X“, бидејќи овој одговор го избраа 31 проценти од анкетираните.

Додека 17 отсто од корисниците немале конкретна причина, осум отсто од нив го наведоа тоа дека даваат предност на уредите со екрани чија дијагонала е поголема од 5,8 инчи, колку што има „iPhone X“.

Сигурно е дека 1.500 од анкетираните не можат да ги претстават сите корисници на „iPhone“, но и покрај тоа изгледа дека „Apple“ ги слуша забелешките на корисниците во врска со својот премиум модел и дека нешто од тоа ќе воведе во новата верзија за оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП