
„BMW“ го потврди развојот на третиот електричен модел кој ќе се приклучи на „i3“ и „i8“. Тој ќе биде креиран врз основа на „iVision Dynamics Concept“, презентиран на салонот за автомобили во Женева.


„BMW“ го потврди развојот на третиот електричен модел кој ќе се приклучи на „i3“ и „i8“. Тој ќе биде креиран врз основа на „iVision Dynamics Concept“, презентиран на салонот за автомобили во Женева.
Новиот електричен автомобил на „баварците“ ќе се вика „i4“ и ќе биде произведен во фабриката во Минхен. Компанијата не ги открива своите технички карактеристики, само се знае дека со едно полнење прототипот патувал 600 км. Неговата максимална брзина е 200 км/ч, а забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 4 секунди.

Концептот „BMW iVision Dynamics“ е лишен од класичната решетка на ладилникот. Поголемиот дел од елементите на предниот дел служат како сет на сензори, а исто така го истакнуваат стилот на брендот на компанијата.

Плановите на баварскиот производител се дека до 2025-та година на пазарот ќе бидат пуштени 25 нови модели на електрична енергија – 12 електрични автомобили и 13 хибриди. Највисоко во гамата ќе биде автомобилот со 3 електромотори со вкупна моќност од над 800 КС.