21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИОригиналните кертриџи на HP нудат сигурност и супериорен квалитет во однос на...

Оригиналните кертриџи на HP нудат сигурност и супериорен квалитет во однос на компатибилните

hplogo
Независното истражување направено од страна на „Buyers Laboratory“1 го потврди супериорниот квалитет и доверливоста на оригиналните HP (Hewlett-Packard) кертриџи во споредба со алтернативните, репарирани и полнети.

•  Истражувањето откри дека оригиналните HP (Hewlett-Packard) кертриџи во просек печатат до 50 проценти повеќе страници во однос на испитаните компатибилни, репарирани и полнети кетриџи;

•  Дополнително, истражувањето покажа дека оригиналните HP (Hewlett-Packard) кертриџи функционираат секој пат, без исклучок. Споредбено, повеќе од 40 проценти од испитаните репарирани и полнети кертриџи, или не функционирале или станале неупотребливи;

•  Причините за нефункционирањето на репарираните и полнетите кертриџи2 варираат. Како главен проблем кај црниот репариран кертриџ се појавува брзото празнење, истекувањето на бојата и траги од црна линија на печатените страници, а додека кај кертриџите со три бои како главен проблем се јавува мешањето на боите. При тестирањето на полнетите кертриџи, утврден главен проблем кај црните и кертриџите со три бои биле трагите на линии на отпечатените страници;

•  Истражувањето направено од „Buyers Laboratory“ јасно покажа дека second-hand (н.з. репарираните и полнетите) кертриџи за печатење се инфериорни во однос на оригиналните HP (Hewlett-Packard) кертриџи и во поглед на сигурноста при функционирањето и во бројот на отпечатени страни. Поверојатно е тие да предизвикаат појава на линии при печатењето, истекување на боја и бледи копии во однос на оригиналните HP (Hewlett-Packard) кертриџи;

•  HP (Hewlett-Packard) ги дизајнира своите системи за печатење со мастило (Ink) со цел да обезбеди најдобра вкупна вредност, нудејќи на потрошувачите единствена комбинација на квалитет, сигурност при функционирањето, брзина и едноставност при употребата, сè по конкурентни цени; и

•  Оригиналните HP (Hewlett-Packard) кертриџи со мастило (HP Ink) се резултат на долгиот историјат од инвестирањето и испитувањата, се со цел да се добијат супериорни перформанси и конзистентни резултати. Хемијата на бојата на HP (Hewlett-Packard) кертриџите со мастило (HP Ink) е толку напредна и комплексна, што развојот на секоја нова линија на боја може да трае и до пет години и да вклучи изработка до 1.000 прототипи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП