6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовиот MacBook Air пристигнува оваа година?

Новиот MacBook Air пристигнува оваа година?

Американскиот технолошки гигант „Apple“ може да претстави поевтин компјутер „MacBook Air“ во оваа година, смета аналитичарот Минг-Чи Куо, познат со точните предвидувања за идните производи на технолошките компании.

Аналитичарот на „KGI Securities“ тврди дека новата 13 инчна верзија на тенкиот лаптоп на „Apple“ може да биде представенa во вториот квартал од 2018-та година, соопштува „CNBC“.

„Очекуваме „Apple“ да го претстави новиот „MacBook Air“ по пониска цена во вториот квартал од 2018-та година надевајќи се дека вкупните испораки на моделите „MacBook“ да нараснат со 10-15% на годишно ниво во 2018-та година (наспроти 0,5% годишен пад на индустријата од преносни компјутери) во споредба со 15,5-16 милиони единици во 2017-та година“, пишува Минг-Чи Куо во коментар добиен од интернет странта „MacRumors“.

Сегашниот 13-инчен „MacBook Air“ започнува со 999 долари. Годишната конференција на „Apple Developer“ обично се организира во јуни, што може да значи дека новиот „MacBook Air“ ќе биде претставен тогаш.

Коментарот на Куо ги повторува тврдењата на „DigiTimes“ од јануари, кој исто така, посочи дека на пазарот ќе излезе нов „MacBook“ подоцна во текот на годината.

Аналитичарот повикал во претходните коментари дека очекува „Apple“ да пушти нови слушалки „AirPods“ во втората половина од 2018-та година, како и три нови модели „iPhone“ до крајот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП