18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален прометот на Македонска берза во февруари

Намален прометот на Македонска берза во февруари

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.02.-28.02.2017 година вкупниот промет изнесува 357.585.721 денари и е намален во однос на јануари за 36,74 отсто.

Класичното тргување изнесува 319.400.934 денари и е намалено во однос на јануари за 28.30 отсто кое изнесувало 445.485.319 денари.

Истргувани се акции во вредност од 244.883.680 денари и обврзници во вредност од 74.517.254 денари.

Бројот на трансакции за февруари изнесува 1591 и е намален за 22,50 отсто во однос на јануари кога изнесувале 2053.

Според прометот најтргувани се акциите на Комерцијална банка со вкупен промет од 62.299.053 денари, следи НЛБ Банка со 53.439.695, Алкалоид АД Скопје е на трето место со 33.653.339 денари.

Месечниот билтен за февруари  можете да го погледнете тука.

 

 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП