28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Фантазија“- новата производна линија на „Макпрогрес“ Виница(фото)

„Фантазија“- новата производна линија на „Макпрогрес“ Виница(фото)

Македонската кондиторска компанија „Макпрогрес“ денеска во Виница ја промовираше најновата производна линија „фантазија“ на полуготови миксови за колачи или солени бисквити, додатоци за готвење кои се користат за подготовка на колачи, крекери, мафини, како и голем избор на декорации за десерти.

Станува збор за нов погон за производство, преработка и пакување на новиот асортиман – инвестиција вредна 650.000 евра, во чија реализација која траеше повеќе од две години, беа вклучени технолози, дизајнери и маркетинг експерти.

Како што изјави извршниот директор на компанијата Глигор Цветанов, „Фантазија“ е всушност избор на полуготови јадења, направен според желбите на модерните потрошувачи, а инвестицијата во првата фаза предвидува десет нови вработувања со тенденција понатаму да достигнат бројка од вкупно 30.

“Повеќе од две години се подготвуваме и работевме напорно на создавање на брендот „фантазија“. Тргнавме од идејата дека сакаме да имаме здрави производи кои ќе се подготвуваат брзо, а ќе бидат наменети за сите што сакаат повеќе време за себе и дружење со најблиските”, рече Цветанов пред промоцијата на новиот бренд.

Директорот смета дека за успешно работење и развивање на бизнисот се неопходни континуитет и посветеност.

“Посветеноста на продавање квалитетни производи, континуираниот развој и постојаното подобрување е клучот за успех. Почнавме пред 28 години, од семејна фирма во гаража, како трговци на големо. Но, инвестиравме секоја година и резултатот е очигледен”, потенцира Цветанов.

„Макпрогрес“ денес е една од најуспешните извозно ориентирани компании, чии производи се продаваат на пазарите во преку 55 држави во светот. Освен фабриката во Виница, „Макпрогрес“ лани ја презеде и „Донија“ во Прилеп каде годинава, како што најави Цветанов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП