Јапонскиот производител на автомобили „Субару“ во 2012 година оствари рекордна продажба на возила на пазарите во САД, Канада и Австралија, соопштено е од компанијата.
„Субару“ во САД вкупно продал 336.441 возила, или за 26 отсто повеќе од 2011 година, додека во Канада забележа продажба од 31.003 автомобили, што е за 14,9 отсто повеќе од лани, се наведува во соопштението.