3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСрбија ќе и воведе на Македонија контрамерки за брашното

Србија ќе и воведе на Македонија контрамерки за брашното

Утре на Македонија ќе и бидат наметнати контрамерки од Србија, поради проблемот со брашното, објави министерот за трговија, Расим Љајиќ.

“Не можеме повеќе да чекаме. Освен купување на време од нивна страна, ние не гледаме подготвеност да го решиме проблемот”, рече Љајиќ за Данас.

Тој потсети дека беше подготвен да оди во Скопје во петокот, 2 март, како и вчера, за да го реши спорот со претставниците на македонските власти.

Тој додаде дека нема да оди во Скопје се додека не слушне конкретен предлог за кој би можел да зборува.

Нашата Влада пред две недели одлучи дека брашното од Србија може да се увезе во Македонија само без акцизни марки кои се добиваат во Македонија по фитосанитарните инспекции, кои според извозниците би можеле да траат и до еден месец.

Ова е 13-ти пат во последните седум години Србија и Македонија да се во спор поради брашното.

Од Србија годишно увезуваме 40.000 до 50.000 тони брашно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП