17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСледниот Ford Focus RS ќе биде хибрид

Следниот Ford Focus RS ќе биде хибрид

„Ford“ ќе ја претстави следната генерација „Focus“ во април, но информациите за најмоќниот „RS“ веќе се објавени. Според „AutoInternationaal“ моделот ќе се потпира на хибриден погон.

Се очекува новиот „Focus RS“ да добие дополнителен електричен мотор со 48 волти. Вкупната моќност на погонската единица ќе изнесува 400 КС и 600 Nm вртежен момент, што е 25 КС и 100 Nm повеќе од сегашната „RS“ во верзијата „Mountune“.

Новиот погон ќе работи заедно со 6-брзински мануелен менувач. Таквата моќ ќе му овозможи на „Focus RS“ да се спротивстави на автомобили, како што се „Mercedes-AMG A45“ и „Audi RS3 Sportback“. Забрзувањето од 0 до 100 km/h во верзијата на „Ford“ ќе трае 4 секунди, со што ќе ги надмине двата германски конкуренти.

Оние кои сакаат да го имаат овој автомобил сепак ќе мора да почекаат до 2019-та година. Во оваа година „Ford“ ќе ја претстави верзијата „ST“ со 275 КС, а таа ќе дебитира пред публиката на автосаемот во Париз наесен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП