3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДизел автомобилите ќе го преплават Балканот

Дизел автомобилите ќе го преплават Балканот

Се очекува неколку милиони автомобили со дизел мотори, кои се под стандардите “Euro 6” од 2020 година да останат забранети во германските градови и ќе завршат на Балканот, односно во Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Сојузниот управен суд во Германија пресуди дека градовите во таа земја би можеле да воведат забрана за возење на дизел автомобили во борбата против загадувањето на воздухот. Поради тоа, се очекува дека неколку милиони автомобили со дизел мотори, кои се под стандардите “Euro 6” од 2020 година ќе бидат забранети во германски градови и ќе завршат на Балканот, односно во Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, но и во останатите земји од Источна Европа.

На патиштата во Германија минатата година биле регистрирани 15 милиони дизел мотори, од кои само 2,7 милиони имаат мотори со најновите “Euro 6” стандарди, така што се очекува бран на евтини автомобили со дизел мотори од Запад.

Според податоците на Царината во Македонија во првите 10 месеци од 2017-та година биле увезени 4.445 нови и 16.256 половни автомобили. Во истиот период од 2016-та бројките достигнале 4.169 односно 22.213.

Ако поради ова се зголеми увозот на дизел автомобили во наредните две години, ќе доведе до уште поголемо аерозагадување.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП