25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСугарески: До 2020 година гасовод до секоја општина во Македонија

Сугарески: До 2020 година гасовод до секоја општина во Македонија

Во неделното интервју за Радио Слободна Европа, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески изјави дека планираат магистралните гасоводи комплетно да бидат завршени на почетокот на 2020 година. 

“Оваа година ќе отпочне интерконекциската врска со Република Грција, исто така ќе отпочне и со Република Бугарија. Тоа значи дека ние како Министерство треба да обезбедиме до пред секоја општина да има магистрален гасовод, а секундарната гасификација треба да ја направат општините. Во делот на експропријацијата останати се 20-тина предмети во делот на Штип-Неготино, околу 160 предмети во делот Кавадарци-Прилеп-Битола и околу 700 предмети коишто во моментот се работат во делот Скопје-Тетово-Гостивар”, вели во интервјуто Сугарески.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП