3 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија ја спасува Европа од „сибирскиот“ студ со повеќе гас

Русија ја спасува Европа од „сибирскиот“ студ со повеќе гас

Русија извезува за Европа повеќе гас од кога и да било, откако арктичкиот студ, кој го зафати „Стариот континент“, ја зголеми потрошувачката на греење и електрична енергија и истакна зависноста на регионот од оваа земја.

Дневните снабдувања на „Газпром“ скокнаа на рекордни нивоа во февруари, покажуваат податоците на државниот производител, цитирани од „Bloomberg“. Потрошувачката во Европа стигна до највисоката вредност за последните пет години во неделата до 24-ти февруари, покажуваат пресметките на лондонската компанија „Marex Spectron Group Ltd“.

„Го набљудуваме најстудениот крај на зимата по повеќе години, а Русија е првиот провајдер со доволно дополнителен капацитет кој може да одговори на екстремните зголемување на побарувачката“, посочува метеорологот на компанијата Џакомо Масато.

Ова му дава на „Газпром“ – снабдувачот на гас за континентот со децении, совршена можност да ја превземе улогата на енергетски чувар на Европа. „Само „Газпром“ е способна да ги зголеми испораките на гас за европските потрошувачи до максимални вредност исклучително брзо“, изјави главниот извршен директор на компанијата Алексеј Милер, според кого нема друг кој да може да се справи со оваа задача.

Во претходната недела зимските температури ја постави на тест европската енергетска мрежа, а некои цени на гасот во Велика Британија се триплираа до рекордни вредности. Поради својот ограничен капацитет да чува природен гас и намаленото количество кое пристигнало во оваа сезона со танкери со течно гориво, континентот зависи од испораки преку цевководи од основните производители Норвешка и Русија.

Осло сепак не располага со толку големо дополнително количество од горивото, колку Москва, а некои од објектите во северноевропската земја требаше да го намалат производството поради прекини на работата за време на шпицот на „ледена“ криза во четвртокот.

Во Германија, овој тренд е сличен. Потрошувачите ги потрошија своите резерви на гас по рекордните стапки, според истражувањето на „Блумберг“. Земјата, исто така, ги зголеми количините на гориво увезено од Русија.

„Ниски количества гас во резерва можат да предизвикаат вознемиреност при снабдувањето, ако пред крајот на грејната сезона има уште еден период на зголемена побарувачка“, посочува аналитичарот за „BNEF“, Џон Туоми.

Недостатокот на резервите ги зголеми цени на гасот. Во Велика Британија, вториот по големина потрошувач на гориво во Европа по Германија, трошоците за достава достигнаа рекордни нивоа.

Во петокот наутро беше откажано предупредувањето за недостиг на гориво, откако снабдувањето на двете цевки кои го поврзуваат континентот со Островот, беа зголемени.

И иако температурите се очекува да полека да се зголемуваат во поголем дел од Западна Европа во текот на идната недела, северните делови на континентот ќе останат постудени од вообичаено. Во Велика Британија предвидувања се за снег, проблеми при патувањата и силни ветрови.

Русија, која минатата година извезе гас за 38 милијарди долари кон своите најпознатите профитабилни пазари во Европа, не смета дека други провајдери може наскоро да обезбедат извоз за Европа. Можните идни конкуренти на земјата можат да се појават од огромните гасни полиња во Каспиското Море, Северна Африка или преку снабдување по море на течен гас.

Според рускиот претседател Владимир Путин, сепак танкерите со течно гориво, вклучувајќи и од САД, ќе останат поскапи од оние на руските цевководи. „Денес тоа е нешто очигледно“, изјави тој во изјавата претходно во оваа недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП