18 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИiPhone X е смартфонот со најдобра камера?

iPhone X е смартфонот со најдобра камера?

Кога станува збор за камерите на паметните телефони, „Apple“ е компанијата која ретко ги разочарува корисниците. Иако конкуренцијата, понекогаш во состојба да го надмине „Apple“, камерите на „iPhone“ се познати по висококвалитетните фотографии.

Во извештајот посветен на телефоните со најдобри камери, интернет страната „Consumer Reports“ вели дека „iPhone X“ моментално е најдобар во овој сегмент.

По камерите на „iPhone X“, следни на листата се исто така модели на „Apple“: „iPhone 8“ и „iPhone 8 Plus“.

Телефоните, кои не се модели на „Apple“, а кои се најдоа во ова рангирање се „Samsung Galaxy S8“, „S8+“, „Note 8“ и „Galaxy S8 Active“.

Интересно е дека на првите 10 места на листата се исклучиво модели на „Apple“ и „Samsung“.

Изненадувачки е тоа што на листата ги нема телефоните „Pixel 2/Pixel 2 XL“ со оглед на тоа дека тие се прилично популарни поради своите камери и остваруваат солидни резултати во овој сегмент.

Во извештајот на „Consumer Reports“ не е најдоа моделите кои беа прикажани на годинешната „MWC“ конференција.

„Samsung Galaxy S9“ и „S9+“ исто така ги нема во ова рангирање, затоа што двата смартфони неодамна беа пуштени во продажба, но секако ќе биде интересно да се види дали и колку тие ќе ја променат состојбата на листата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП