24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИTENAA oдобри три нови смартфони на Honor

TENAA oдобри три нови смартфони на Honor

На интернет страната на кинеската агенција TENAA се појавија три нови паметни телефони од посебниот бренд на компанијата „Huawei“, „Honor“. Сите три уред засега се познати само по ознаките на моделите, а тоа се „AUM-TL20“, „ATU-TL10“ и „AUM-TL00“.

Првите два споменати модели содржат осумјадрен процесор со такт од 1,4 GHz,  5,7-инчен „TFT“ екран во формат 18:9 и резолуција од 1440 x 720 пиксели, 3 GB RAM, 32 GB интерна меморија со можност за проширување со „microSD“ картичка и батерија од 2900 mAh. Индентична е и нивната фотографска компонента која се состои од двојна задна камера (комбинација од 13 и 2 мегапикселни сензори), како и 5 мегапикселна предна камера.

Третиот модел, „AUM-TL00“, зa разлика од претходните модели нема сензор за отпечаток на прстот (на задната страна), а наместо 3 GB RAM и 32 GB интерна меморија има и 2 GB RAM и 16 GB интерна меморија за чување податоци. Разликата е во фотографските компоненти кои се состојат од една задна 13 мегапикселна камера и 8 мегапикселна предна камера.

Oстатокот од функциите е индентичен со оние кои ги имаат другите два модели, па така сите три уреди доаѓаат со оперативен систем „Android 8.0 Oreo“. Како што во практика се прави, засега не е познат датумот за пристигнување на овие уреди на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП