
Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје на седницата одржана на ден 01.03.2018 година донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2017 година во износ од 270,00 денари бруто, односно 243,00 денари нето по акција, што е за 8% поголема во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 250,00 денари бруто, односно 225,00 денари нето.
