среда, 1 февруари 2023
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLenovo најавува враќање на телефонот Motorola Razr

Lenovo најавува враќање на телефонот Motorola Razr

Пред неколку години, „Lenovo“ објави видео кое сугерираше дека компанијата би можела да го оживее „Motorola Razr“ – веројатно еден од најлегендардните телефони од минатото. „Motorola“ подоцна негираше дека ќе го оживее споменатиот модел. Меѓутоа, сега се појавија нови информации во врска со оваа тема.

Според информациите од „TechRadar“, кој разговараше со Јанг Јуанкинг (CEO на компанијата Lenovo), најави дека „Razr“ навистина би можел да се врати во нова форма. Јуанкинг истакна дека технологијата им овозможува на компаниите да бидат иновативни со дизајнот на смартфоните, a како резултат на тоа би можеле да видиме и модерна верзија на „Razr“.

Засега не е сигурно дали „Lenovo“ навистина планира претставување на моделот „Motorola Razr“, но ако знаеме дека „HMD“ минатата година го оживеа телефонот „Nokia 3310“, како и „Nokia 8110“ на годинешниот „MWC“, не би требало да ја отфрлиме ниту можноста „Lenovo“ да претстави модерна верзија на „Razr“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП