29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија е рај за банките - речиси сите со зголемена заработка

Македонија е рај за банките – речиси сите со зголемена заработка

Големата тројка НЛБ, Стопанска и Комерцијална заедно заработиле над 80 милиони евра, но и на малите банки им оди и повеќе од добро… Финансиските извештаи објавени на Македонската Берза покажуваат одлични резултати за сите.

НЛБ со профит од 34.5 милиони евра

НЛБ Банка остварила вкупни приходи од 86 милиони и 742 илјади евра. Приходите од камати биле 56 милиони и 816 илјади евра, од провизии и надоместоци 24 милиони и 365 илјади, од тргување минус 162 илјади, под ставката останати се заведени 5 милиони и 722 илјади евра.

За НЛБ 2017-та завршила со профит од 34 милиони и 552 илјади евра што е за 34.5% повеќе од 2016-та.

Лани заработката по акција била 2.488 денари што е за 639 денари повеќе од преклани.

Стопанска Скопје со профит од 33.2 милиони евра

Стопанска Банка Скопје имала вкупни приходи од 98 милиони и 170 илјади евра. Приходите од камати биле 72 милиони и 44 илјади евра, од провизии и надоместоци 17 милиони и 500 илјади, од тргување 23 илјади, останати приходи од дејноста биле 8 милиони и 602 илјади евра.

Стопанска 2017-та ја завршила со заработка од 33 милиони и 238 илјади евра што е за 8.7% помалку во однос на 2016-та.

Заработката по акција била 117 денари што е за 11 денари помалку.

Комерцијална со профит од 13.7 милиони евра

Комерцијална Банка лани остварила вкупни приходи од 94 милиони и 640 илјади евра. Приходите од камати биле 57 милиони и 923 илјади евра, од провизии и надоместоци достигнале 18 милиони и 904 илјади евра, од тргување биле 381 илјада евра, под ставката останати приходи од дејноста се заведени 17 милиони и 430 илјади евра.

Комерцијална ја заокружила 2017-та со профит од 13 милиони и 744 илјади евра што е за 6.8% повеќе од 2016-та.

Заработката по акција лани била 367 денари што е за 22 денари повеќе од преклани.

ТТК Банка со профит од 1.6 милиони евра

ТТК Банка имала вкупни приходи од 9 милиони и 543 илјади евра. Приходите од камати биле 5 милиони и 412 илјади евра, од провизии и надоместоци достигнеле 2 милиони и 475 илјади, останатите приходи од дејноста биле 1 милион и 604 илјади евра.

ТТК 2017-та имала чист профит од 1 милион и 628 илјади евра.

Заработката по акција била 110 денари што е за 18 денари повеќе.

Стопанска Битола со профит од 699 илјади евра

Стопанска Банка Битола остварила вкупни приходи 10 милиони и 579 илјади евра.Приходите од камати биле7 милиони и 483 илјади евра, од провизии и надоместоци 2 милиони и 352 илјади, останати приходи од дејноста 742 илјади.

Банката ланската година заработила 699 илјади евра што е за 43% повеќе.

Заработката по акција била 110 денари што е за 33 денари повеќе.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП