23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто се случува со биткоините во случај на смрт на сопственикот?

Што се случува со биткоините во случај на смрт на сопственикот?

Момче во Колорадо одеднаш починало и остави на своето семејство да го сортира целиот негов имот.

Меѓутоа, никој не знаеше дека тој со години инвестирал во биткоини, кои во 2013 вределе 13 долари, а денес околу 9.500 долари.

Неговите најблиски требало да наследат право мало богатство – но само ако го лоцираат биткоинот и пронајдат начин да стигнат до него.

Биткоините се виртуелни пари кои ги штити речиси непремостлива криптографија. Затоа, нејзините сопственици не мора да се грижат за кражба, но исто така постои ризик дека по нивната смрт ова богатство ќе остане недостапно за своите семејства.

И тоа може да биде проблем, особено ако се случи нешто непредвидено.

Биткоините се чуваат во виртуелен “паричник”. Секој паричник користи серија на случајни карактери наречени “јавен клуч”. Тој е видлив за секого.

Исто така, постои и “приватен клуч” што го знае само сопственикот и кој му овозможува пристап до биткоините.

Ако сопственикот на биткоин умре и не го пренесе на некој својот приватен клуч, неговите наследници не можат да пристапат до богатството во паричникот.

За да се спречи ова, сопственикот само мора на некој да му даде копија од својот приватен клуч, или да го запишете и да го остави во тестамент, како би бил сигурен дека парите нема да се изгубат во случај на несреќа, пренесува “Telegraf.rs”.

Ако биткоините на никој начин не се споменати во тестаментот, судејки според адвокатите, се применува посебено сценарио во кое наследниците се уште може да дојдат до пари, тврдејќи дека “сопственикот сака неговото семејство да ги наследи тие пари.”

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП