11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИComcast се соочува со Руперт Мардок во „битка“ за Sky

Comcast се соочува со Руперт Мардок во „битка“ за Sky

Најголемиот кабелски оператор во САД, „Comcast“ упатил понуда од 31 милијарди долари за купување на „Sky“ – европската група за платена телевизија, која веќе договори купувањето од „Fox“ на Руперт Мардок, соопштува „Ројтерс“.

„Comcast“, која ги поседува „NBC“ и „Universal Pictures“, соопшти дека понудила сума од 12,50 фунти по акција, што е значително над понудата од 10,75 фунти по акција, договорена од „Fox“.

Новиот предлог го соочува „Comcast“ против Мардок, кој помогна за лансирање на „Sky“ во Велика Британија, но и против „Walt Disney“ која договори купување на серија на средства од „Fox“ по завршувањето на договорот, вклучувајќи и „Sky“.

„Comcast“ рече дека таа сè уште не се обврзала со „Sky“ за понудата.

„Ние би сакале да ја поседуваме целата „Sky“ и целиме да добиеме повеќе од 50% од нејзините акции“, коментира извршниот директор на „Comcast“, Брајан Л. Робертс во соопштението.

„„Sky“ и „Comcast“ се совршена комбинација: и двете компании се лидери во создавањето и ширењето на содржина“, рече Робертс во конференциски повик. „Иновацијата е во срцето на она што го правиме: со комбинирање на двете компании, создаваме значителни можности за раст“.

„21st Century Fox“ договори купување на оние 61% од „Sky“ кои не беа нејзина сопственост, во декември 2016-та година, но купувањето на неколку пати беше одложено поради загриженоста на регулаторите дека Мардок ќе контролира премногу медиуми во Велика Британија.

Некои акционери на „Sky“ веќе почнаа да се жалат дека понудата е премногу ниска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП