5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКамерата на овој смартфон сама „излегува“ за да направи селфи (видео)

Камерата на овој смартфон сама „излегува“ за да направи селфи (видео)

Кинеската компанија „Vivo“ од Шенжен, го поткрена својот влог кога станува збор за нејзиниот претстоен модел на паметен телефон – „Apex“.

За тоа се задолжени трите нови можности кои телефонот ќе ги има, најавени овие денови.

1. Селфи камера

Големиот екран со дијагонала од 6 инчи го опкружува значително тенка рамка околу него, толку тенка што не остави место за предната камера. Поради тоа „селфи“ камерата од осум мегапиксели е сокриена во горната страна од куќиштето на телефонот. Потребни и се само 0,8 секунди за да се „појави“ и да биде подготвена за сликање.

2. Скенер за отпечаток на прстот

„Vivo“ на својот иден модел ја прошири површината која ја опфаќа скенерот за отпечаток на прстот, која сега се простира на речиси целата површина од долната половина од екранот (наместо само едно мало круче).

Така сега ќе биде можно симултано да се скенираат два прсти во истовреме, поради дополнителна безбедност. Поголемата површина овозможува и скенирање под некој агол, наместо прецизно притискање во центарот на кругот.

3. Вибрации

Tретата вообичаена карактеристика на „Viva Apex“ е неречена „SoundCasting“. „OLED“ панелите кои се вградуваат во телефонот вибрираат произведувајќи звук за ѕвонењето на телефонот, видео снимките и игрите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП