Судејќи според фотографиите што протекоа на социјалните мрежи, компаниите „Huawei“ и „Asus“ ќе го следат трендот што го постави „Apple“ со новиот „iPhonе X“, со екран по целата површина на телефонот и мал зарез на врвот, каде што е позиционирана слушалката.
Иако новите телефони на овие две компании не се официјално претставени, фотографии од најавените модели се појавија на интернет, поточно на профилот на Еван Блас, а нивниот изглед многу потсетува на познатиот ајфон модел.
Претставувањето на новиот Huawei P20 паметен телефон е закажано за во Париз на 27-ми март, а на тековниот Светски мобилен конгрес во Барселона, компанијата ги претстави MateBook X Pro и серијата MediaPad M5 .