22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАФорбс ја објави листата на крипто-богаташите

Форбс ја објави листата на крипто-богаташите

Еминентниот американски бизнис магазин Форбс веќе со децении ја одржува листата на најбогати луѓе во светот, а од време на време и специјализирани листи на најбогатите луѓе на одредени сектори или земји.

Овој пат на ред дојде до нова класа на милионери, па дури и милијардери – оние кои стакнаа богатства низ криптовалутите.

Преку неодамнешниот раст на цените и популарноста на криптовалутите, чија пазарна вредност надминува 500 милијарди долари, оние кои први влегоа во овој рискантен свет, најверојатно се добитници на оваа “дигитална лотарија”. И покрај нестабилноста на цените и на ситуацијата на овој пазар, Форбс се обиде да ја процени приближната вредност на некои од најбогатите инвеститори на криптовалути, со користење на сите можни расположливи податоци.

Списокот се однесува на состојбата од 19 јануари оваа година.  Сепак, целта на листата е пред се транспарентноста и што е можно по објективен преглед на ситуацијата на крипто – пазарите во моментот.

Подоле е листата на крипто-милионери “потешки” од 350 милиони долари:

Крис Ларсен (57), ко-основач на Ripple: 7,5 – 8 милијарди американски долари

Џозеф Лубин (53), ко-основач на Ethereum: 1-5 милијарди американски долари

Чангпенг Жао (41), извршен директор на Binance: 1,1 – 2 милијарди американски долари

Браќата Винкловс (36): 900 мил – 1 милијарда американски долари

Метју Мелон (54), инвеститор: 900 милиони – 1 милијарда американски долари

Брајан Армстронг (35), извршен директор на Coinbase, 900 милиони долари – 1 милијарда долари

Метју Росзак (45), основач на Block and Tally Capital: 900 милиони – 1 милијарда долари

Ентони Ди Иорио (43), ко-основач на Ethereum; 750 милиони – 1 милијарда долари

Брок Пирс (37), претседател на Bitcoin Foundation: 700 милиони долари – 1 милијарда долари

Мајкл Новограц (53), извршен директор на Galaxy Digital: 700 милиони долари – 1 милијарда долари

Брендан Блумер (31), извршен директор на Block.one: 600 – 700 милиони американски долари

Дан Лаример (35), CTO Block.one: 600 – 700 милиони американски долари

Валери Вавилов (38), извршен директор на Bitfury: 500 – 700 милиони американски долари

Чарлс Хоскинсон (30), ко-основач на Ethereum: 500 – 600 милиони американски долари

Бред Гарлингхаус (47), Главен извршен директор Ripple: 400 – 500 милиони американски долари

Бери Силберт (41), извршен директор на Digital Currency Group: 400 – 500 милиони американски долари

Виталик Бутерин (24), Автор на Ethereum: 400 – 500 милиони американски долари

Тим Драпер (59), Draper Associates: 350 – 500 милиони американски долари

Сонг Ши-Хјун (38), Dunamu i Upbit: 350 – 500 милиони американски долари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП