23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИChrome OS добива split-screen поддршка за Android aпликациите (видео)

Chrome OS добива split-screen поддршка за Android aпликациите (видео)

Оперативниот систем на „Google“ – „Chrome“ можеме наскоро да го очекуваме и на таблетите. Оваа компанија интензивно работи на него со цел на корисниците да им обезбеди што поголем број на можности за подобра работа со „Android“ апликациите на мобилните уреди кои го користат „Chrome OS“.

Една од таквите функции е и поддршката за „split-screen“, која сега е достапна во каналот „Chrome OS Canary“.

За оние кои се уште не се запознати, „Canary build“ е верзија на софтверска компилација кој се уште не е во целост тестирана. Наменета е за оние кои во што е можно пократок рок сакаат да видат што е се ново и да ги откријат „баговите“. Таквите верзии не се наменети за јавна употреба.

„Chrome“ прозорците и изворните апликации во „Chrome OS“ може да се сместат едни покрај други, што меѓутоа не функционира кај „Andrpoid“ апликациите инсталирани од „Play Store“.

Со оглед на тоа дека „Chrome OS“ ќе добие своја таблет верзија, важно е дека и функциите како што е поделба на екранот ќе ги поддржува постоечките „Android“ апликации.

Фунцкијата за поддршка додадена во „Canary“ каналот тоа го овозможува, но во блиска иднина сепак се очекува пристигнување на стабилна верзија за „Chrome OS“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП