3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПробиена психолошката граница: Биткоинот повторно над 10.000 долари

Пробиена психолошката граница: Биткоинот повторно над 10.000 долари

Биткоинот повторно се искачи на 10.000 долари по падот во последните две недели.

Експертите велат дека ова психолошко ниво може да донесе нов ентузијазам на пазарот на криптовалути. Биткоинот изгуби речиси две третини од својата вредност кога остро падна после историскиот рекорд од 20.000 долари, за да падне под 6.000 долари минатата недела.

Вчера тие се тргуваа на 10.044 долари.

Закрепнувањето на биткоинот и криптопазарите е наводно поттикнато од претпазливо-оптимистичкиот одговор на американскиот Сенат за повикот за строги регулативи.

– И покрај промените во цената на криптовалутите, продолжуваме да гледаме зголемен интерес за креирање инвестициски фондови во оваа област – рече Лек Соколин, глобален директор на “Fintech Strategy”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП